Нов случај на КОВИД-19 во Малешевијата


Нов случај на КОВИД-19 во Малешевијата - МИА

Берово, 2 јули 2020 () – Нов случај на КОВИД-19 во Малешевијата. Берово повторно се најде на листата на градови зафатени со корнавирусот, откако Министерството за здравство денеска објави дека во оваа општина е регистриран нов случај.

Од општината велат дека продолжуваат и понатаму да ги следат препораките на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, бидејќи тоа е од клучно значење вирусот да не зафати поголем опсег од населението.

И покрај тоа што Берово е туристички град, надлежните институции уверуваат дека и угостителите и сопствениците на сместувачките капацитети, доследно ги почитуваат мерките, што влева надеж дека појавата на заразата од КОВИД-19 ќе биде сведена на минимална бројка, како што е моментално со само еден активен случај.

Покрај денешниот случај во Берово, уште тројца пациенти од Пехчево имаат позитивен наод на коронавирус.


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*