Низа активности повод Денот на пожарникарите во Берово и Мaкедонска Каменицa

pozarnikari
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со тактичко-показна вежба и оддавање почит на  пожарникарите во Берово и Македонска Каменица одбележан 20 Мај, Ден на пожарникарите.

-По повод денот на Пожарникарите 20 Мај, Територијалната противпожарна единица од Берово реализираше методско-тактичка показна вежба ,,Евакуација и спасување на повредени лица од пожар и гасење на пожар во станбен објект”. Активноста се реализираше во согласност со Правилникот на служба во ПП единици во РСМ и годишната програма за работа на ТППЕ Берово, информираше командирот на единицата Сашко Руменовски.


По завршувањето на вежбата беше изведено дефиле со ПП возилата по улиците на Берово, а честитка до единицата упати и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

Во Македонска Каменица по повод значајниот датум, Територијалната противпожарна единица од оваа Општина ја посети градоначалникот Димчо Атанасовски.

-Би сакал да упатам честитка до пожарникарите од ТППЕ Македонска Каменица, да им посакам успешна работа и да упатам огромна благодарност за целокупниот нивен придонес во справувањето со природните непогоди и катастрофи ризикувајќи го својот живот. Општина Македонска Каменица во иднина ќе продолжи да инвестира во подобрување и модернизирање на условите за работа на ТППЕ Македонска Каменица, реле Атанасовски.

Претходно активности по повод Денот на пожарникарите се реализираа и во Општина Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK