Ниту еден ден не остана чисто и без фрлен смет кај православните гробишта во Тетово


Ниту еден ден не остана чисто и без фрлен смет кај православните гробишта во Тетово - МИА

Тетово, 8 август 2020 () – Само неколку часа по отстранувањето на околу 100 метри кубни смет кај православните гробишта во Тетово, таму повторно се фрла отпад на земја, па денеска веќе се бележат неколку кубни метри ѓубре. 

-Секој пат кога ќе се собере сметот од таа локација за неколку часа повторно се создаваат купишта иако нема контејнери, потенцираат од работната единица „Комунална хигиена“.

Таква беше приликата и во јуни, кога дел од жителите на околната населба Певчина во стариот дел од градот започнаа иницијатива за уредување на просторот надвор од православните гробишта и отстрануавње на овој смет.

-Сметот постојано се собира, но и продолжуваат несовесните постапки и фрлањето на отпадот. Ние и понатаму ќе треба да го подигаме сметот фрлен на земја, но за да се спречи треба санкции од надлежните комунални инспекции и полиција, потенцираат од „Комунална хигиена“.

Вчера со 10-тина камиони над 100 метри кубни смет беа отстранети од локација со неколкукратен пренос со камиони, кои собираат по 12 метри кубни и возила со 8 метри кубни капацитет за носење на товар.


Вести

Починаа 10 лица со Ковид-19, 428 новозаразени

  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-200, Куманово-16, Дебар-2, Штип-9, Прилеп-29, Тетово-30, Струга-2, Велес-6, Битола-14, Охрид-4, Кавадарци-17, Гостивар-5, […]

Вести

Одржана централната прослава на 1000-годишнината од основањето на Бигорскиот манастир

– Достоинствено, како што му доликува на милениумскиот јубилеј, денеска Бигорскиот манастир со централна прослава одбележа 1000 години од основањето. По пречекот на претседателот Стево Пендаровски,кој е покровител на прославата и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски […]

Архимандрит Партениј викендов ќе биде хиротонисан во епископ Антаниски - МИА
Вести

(Во живо) Бигорскиот манастир слави 1000 години од основањето

– Главната и централна прослава на великиот јубилеј 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир ќе се одржи денеска со почеток во 9:00 часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*