Наставата во кочанските училишта тече нормално, предизвик е брзината на интернетот и недостигот од компјутери


– Училиштата во општина Кочани ги исполнуваат сите пропишани услови за организирање настава според одлуките на Министерството за образование и протоколите.



Учебната година почна навреме и успешно, со настава од далечина или со физичко присуство. Распоредени во две групи кои одделно ги следат предавањата, учениците се сместени поединечно во клупа, а за време на часовите носат заштитни маски соопшти градоначалникот Николчо Илијев, по денешната посета на ОУ „Никола Карев“.

-Констатиравме дека сите мерки и протоколи максимално се почитуваат заради безбедност и заштита на здравјето на сите кои се вклучени во образовниот процес. Има проблеми со брзината на интернетот, но се работи за нивно надминување, по што наставниците ќе можат да ја реализираат наставата од нивните кабинети. Со соочуваме и со недостиг од компјутери, и очекувам, како што ја почнавме оваа учебна година, да ја покажуваме нашата солидарност со донирање. На првиот ден од учебната година се донирани 12 илјади заштитни маски за учениците, исто така во текот на викендот беше организирана донаторска акација, а собраните средства ќе бидат наменети за компјутери и таблети за децата во семејстава од социјален ризик. Лично, половина од мојата плата ќе ја донирам за компјутерска опрема и таблети за учениците на кои им се потребни, истакна Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Ниту едно од петте централни основни и двете средни училишта во Кочани не добија согласност за настава со физичко присуство, а наставниот процес нормално се одвива само за учениците од прво до трето одделение и во подрачните училишта.Се чекаат насоки за отворање на продолжениот престој, бидејќи учениците не смеат да се групираат, а во секоја паралелка тие ќе бидат посебно згрижувани.

При посетата на ОУ „Никола Карев“, градоначалникот Илијев на сите наставници им го честита 5 Октомври – Светскиот ден на учителот, потсетувајќи на важната улога на наставникот во општеството, а посебно на значајната улогата на наставникот во ова време на пандемија.

Беше истакната потребата од максимална посветеност на образовниот процес и на учениците во новите околности, со цел да се заштити здравјето на децата и наставниците, но и да овозможат услови секое дете да биде вклучено во наставниот процес.