Намалени површините засеани со тутун во Струмичко



Намалени површините засеани со тутун во Струмичко - МИА

Струмица, 16 јуни 2020 () – За околу 20 отсто се намалени површините засеани со тутун годинава во Струмичко во споредба со лани, информира Марјан Трајков од Здружението на тутунопроизводители „Басмак“ од селото Василево.

-Откупните компании потпишаа помалку договори со тутунопроизводителите и за помали површини. Лани беа потпишани околу 2.700 договори, а годинава над 2.000, односно засеаните површини се намалени од ланските 1.200 хектари на помалку од илјада. Но, и покрај тоа очекуваме добра реколта и квалитетен тутун, изјави Трајков.

Тутунарите годинава очекуваат и зголемени откупни цени кои би биле за десет до дваесет денари повисоки за секоја класа.

-На ниво на цела држава ќе има и намален откуп, односно ако лани се откупија околу 27 илјади тони, годинава се очекува откупувачите да прифатат околу 23 илјади тони тутун, вели Трајков.

Во Струмичко годинава бербата на тутунот почна пред три дена. Таа традиционално почнуваше на крајот на овој месец, но дел од тутунопроизводителите поради поволните временски услови порано го засадија.


Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк” - МИА
Вести

Гордана Јанкуловска упатена во КПУ-Идризово за случајот „Тенк”

Скопје, 28 септември 2020 () – Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, е упатена во КПУ – Идризово, за издржување на казната затвор од четири години како осудена во предметот „Тенк”, потврдуват за од […]

Вести

Адвокатите бараат ослободителна пресуда за Јанакиески за „Насилство во Центар“

– Адвокатите на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска во завршни зборови за предметот „Насилство во Центар“ побараа тој да биде ослободен од обвинение. Адвокат Димитар Дангов побара Обвинителството да го повлече […]

Бизнис и економија

Цената на горивата останува иста

  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво како минатата […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*