Намален бројот на пожари во Куманово од почетокот на пандемијата


Намален бројот на пожари во Куманово од почетокот на пандемијата - МИА

Куманово, 13 мај 2020 () – Значително е намален бројот на пожари во Куманово од почетокот на пандемијата до денеска, во однос на истиот период лани, информираа денеска од територијалната противпожарна единица.

Годинава во март, Тeриторијалната протипожарна единица евидентира 28 интервенции, главно сува трева и технички интервенции, во април имало само 15 пожари од кои поголем процент на запалени оџаци, интервенции во станови на пожари предизвикани од проблеми со електрична инсталација, а во мај досега има само седум интервенции.

-Граѓаните поради состојбата со пандемијата се дома, внимателно се однесуваат и заради тоа имаме намален број на интеревнции. Мора да кажеме дека беше и студено, имавме дожд. Но, тоа не значи дека не сме ангажирани. Кумановци знаат дека нашите тимови, активно, секојдневно, беа вклучени во дезинфекција на јавни површини, улици, објекти, особено во зградите. Сменски бевме организирани во преземањето на мерките за превенција од ширење на коронавирусот, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Во однос на лани, во март биле евидентирани 132 интервенции, во април 37 и во мај 12.


Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција - МИА
Вести

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција

Скопје, 9 јули 2020 () – Гласањето на претстојните избори, и покрај актуелната пандемија на Ковид-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе решат да го остварат своето избирачко право, тврдат надлежните. Ќе се гласа […]

Уште четири дена до крајот на изборната кампања - МИА
Вести

Уште четири дена до крајот на изборната кампања

Скопје, 8 јули 2020 () – Изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е при крај. Партиите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, подигната економија и развој за наредниот […]