Награди од Општина Охрид за успешните ученици и нивните ментори

ohrid
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Охрид оваа година првпат покрај стипендиите што ги доделува за учениците од општинските основни и средни училишта и традиционалното доделување награди за постигнати успеси, за празникот 24 Мај – Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ ќе додели и парични награди за учениците од основните и средните училишта во општината и нивните ментори кои постигнале успеси на државни и меѓународни натпревари на натпреварите во знаење по наставните предмети.

– Ќе се доделува парична награда и за првенецот на генерацијата избран од страна на наставничкиот совет на училиштето. За таа цел е донесен правилник во кој точно се утврдени критериумите, начинот и постапката за доделување на наградите кои дополнително го вреднуваат успехот на учениците, информираат од Општина Охрид.


Постапката ќе се спроведе во текот на јуни во соработка со општинските основни и средни училишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK