– Во рамки на проектот „Одржлив развој на Македонска Каменица“,поддржан од страна Општина Македонска Каменица и Фондација САСА, а имплементиран од Prime Point Partners Македонија, Oпштина Македонска Каменица распиша јавен конкурс за избор на најдоброто идејно решение за лого и слоган за проектот „Одржлив економски развој на Македонска Каменица”.
Целта на овој натпревар, како што информираа од Општината, е да се креира визуелно привлечно лого и слоган, кои ќе ги отсликуваат суштината и вредностите на Македонска Каменица, како и нејзиниот развој.
Логото и слоганот ќе се користат во сите комуникациски медиуми, вклучувајќи ги и официјалните документи, промотивни материјали, веб-страници и социјални медиуми исклучиво за потребите на проектот.
– Ова е одлична можност за сите креативци да го покажат својот талент и да придонесат кон креирање на визуелниот идентитет на нашата живописна општина и нејзиниот одржлив развој, информираа од Општина Македонска Каменица.
Право на учество на конкурсот, додадоа, имаат физички и правни лица од сите возрасти како од М.Каменица, така и ширум државата.
-Се охрабруваат да учествуваат професионални дизајнери како и ученици, студенти и жители кои имаат желба за дизајн и креативност. Еден автор може да понуди повеќе идејни решенија. Предлозите да бидат доставени на електронска пошта до:[email protected] со назнака: За Конкурс за избор на идејно решение за лого и слоган за општина Македонска Каменица, додадоа од Општината.
Оттаму ги поканија сите заинтересирани апликанти, да присуствуваат на работилницата што ќе се одржи во КИЦ Романса, Македонска Каменица на 11.07.2023, во 10.30 часот, со цел добивање на повеќе информации за стратешките развојни определби и бренд обележја за Македонска Каменица.