Наградата „Ристо Шишков“ за актерката Александра Пешевска


Наградата „Ристо Шишков“ за актерката Александра Пешевска - МИА

Струмица, 14 септември 2020 () – Актерката на кумановскиот театар Александра Пешевска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 28 издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кое заврши синоќа во Струмица.



Актерката наградата ја доби за улогата на Кејт во претставата „Телефонот на мртовецот“ од Сара Рул, во продукција на театарот од Куманово во режија на Александар Ивановски.

Наградата се состои од златен медалјон со ликот на патронот на фестивалот и парична награда во износ од 1.500 евра, а и ја врачи директорот на ФКТ „Ристо Шишков“,Ванчо Ристов Патриков.

Во образложението за наградата жири комисијата во состав Драшко Зидар, актер од Хрватска и лански лауреат, Тодор Кузманов и Гоце Ристовски напишаа:

„Александра Пешевска во оваа ролја манифестира супериорно актерско мајсторство со изразени психолошки валери, уверливо досегнувајќи ја зоната на внатрешна чувствителност, креирајќи сложен, но стамен лик, распнат низ бурните времиња на човековото опстојување, лик што кореспондира со филозофијата на Исус, а кој живее овде до нас, со нас и во нас“, стои во образложението на жири комисијата.

Покрај Пешевска во потесниот избор за наградата влегле и актерите Танкица Стојанова, Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ, Сашо Ристовски, Сашка Димитровска, Атанас Атанасовски и Магдалена Ризова Черних.

Фестивалот се одржа на отворена сцена во Градскиот парк во Струмица со почитување на заштитните мерки од пандемијата.

Фестивалот финансиски е помогнат од министерството за култура и општина Струмица.

 


Вести

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3084 тестирања, а регистрирани се 1093 нови случаи на […]

ДКСК: Државните активности да се не мешаат со партиските во изборниот период - МИА
Вести

ДКСК: Поголем дел од претседателите на основните судови не поднеле анкетни листови

– Антикорупциската комисија на денешната седница разгледа 18 предмети за претседатели на основи судови и по извршената проверка за следење на имотната состојба и судир на интереси согласно годишната програма за работа,  утврди дека голем […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 42 пациенти, вкупно се лекуваат 463

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализрани се 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*