Награда за животно дело од Општина Демир Хисар за музичка група „Бисер“


Награда за животно дело од Општина Демир Хисар за музичка група „Бисер“ - МИА

Демир Хисар, 28 август 2020 () – Општина Демир Хисар одлучи оваа година највисокото признание на тамошната локална самоуправа, наградата за животно дело да ја додели на членовите на музичката група „Бисер“.



Во изјава за , Даниел Станојоски, одговорен во секторот за односи со јавност на Општина Демир Хисар, истакна дека наградата ќе биде доделена на свечена седница која ќе биде одржана на 2 септември, Денот на ослободувањето на Демир Хисар.

-Музичката група „Бисер“ годинава одбележува 40 години од основањето, позната е и приредила бројни концерти во државата и странство, а со својата продукција и мотиви во авторските македонски народни песни ги афирмира Демир Хисар и демирхисарско. Со донесената одлука продолжува традицијата наградата да се доделува во вистински раце и најзаслужните. Наградата ќе ја врачи градоначалникот Марјанче Стојановски кој воедно ќе има и пригодно празнично обраќање, потврди Станојоски.

Свечената седница на Советот на Општина Демир Хисар ќе се одржи во големата сала на Дом на култура „Илинден“, за што организаторот пропиша и ќе спроведе мерки за заштита од Ковид-19, потврди Станојоски.