На пазарот во Гевгелија денеска само продавачи од регионот


На пазарот во Гевгелија денеска само продавачи од регионот - МИА

Гевгелија, 14 мај 2020 () – Редовниот пазарен ден во Гевгелија денеска се одвива како и во изминатите три седмици со доследна примена на заштитните мерки од корона вирусот, а новост е тоа што покрај земјоделските производи беше дозволена продажба и на текстилни производи.



– Дозволивме денеска, за прв пат од воведувањето на вонредната состојба, текстилни производи да понудат продавачи само од општините Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран кои потврдено во моментот немаат заболени од Ковид-19 што би била само една превентивна заштитна мерка додека не се нормализира состојбата, рекоа од комуналното претпријатие кое стопанисува со Градскиот пазар во Гевгелија.

Според утврдениот ред, утрово од 7 до 9 часот беше дозволен дотур на производите до тезгите, а за потрошувачите пазарот е отворен од 9 до 14 часот. Дициплинирано се применуваат мерките за заштита од ширење на корона вирусот. На влезот во пазарот се вршеше задолжителна дезинфекција, а заштитни маски носеа и продавачите и купувачите. им/

 


Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]