На крводарителска акција во Крива Паланка собрани 60 единици крв


Крводарителска акција под посебни мерки за безбедност во Делчево - МИА

Крива Паланка, 23 јуни 2020 () – На денешната крводарителска акција во Крива Паланка собрани се 60 единици крв. Акцијата ја организираа Црвениот крст на Република Северна Македонија и Општинска организација Крива Паланка, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, а се одржа во просториите на спортската сала „Партизан”.



-И оваа крводарителска акција како и изминатите пет реализирани во време на пандемијата со Ковид-19 се спроведе со целосно почитување  на протоколите на Институтот за трансфузија, Црвен крст на Република Северна Македонија и одлуките на Министерство за здравство и Владата. Пријавувањето за дарување на акцијата се вршеше во текот на изминатите денови и денес,  исклучиво на посебен  телефонски број и на  социјалните мрежи на профилот на Црвениот крст Крива Паланка,со што пријавените добија термин и време за дарување, информира Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка. Тој упати благодарност до сите хумани граѓани кои учествуваа во акцијата. ид/