МЗ:Теренската вакцинација продолжува утре во повеќе места низ државата


– Министерството за здравство информира дека утре, среда, теренската вакцинација ќе се одвива во следните населени места:


 

Тетово – Брвеница, Д.Седларце, Пирок, Раковец 

Гостивар – Беловиште, Лакавица 

Струмица – Ангелци, Градашорци,  

Кочани – Кучичино 

Кичево – Извор, Малкоец, Попоец, Душугубица, Подвис,Добреноец 

Македонски Брод – Г.Крушје, Д.Крушје, Црешнево,Слатина, Грешница 

Велес –  Сливник, Клуковец

Берово – Митрашинци 

Од Министерството за здравство известуваат дека секојдневно ќе информираат преку соопштенија за денот и местата за теренско вакцинирање за Ковид 19.