МЖСПП со појаснување за вредностите на ПМ 10 во Кичево


– Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека високите вредности на ПМ 10 суспендираните честички кои пред кратко време се појавија на мерното место во Кичево се резултат на стабилизација на мерниот инструмент по настанат прекин со напојување со електрична енергија на тамошната автоматска мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух, во периодот од 15 до 19 часот.

При тоа,  како што соопшти вечерва Министерството, настанат е прекин во мерењата на сите параметри за квалитет на воздух вклучувајќи ги и мерењата на концентрацијата на ПМ 10 честичките. По доаѓањето на електричната енергија мерните инструменти се рестартирани, а појавените високи вредности на измерени концентрации на суспендираните ПМ честички се случија поради процесот на стабилизација на инструментот по неговото повторно ставање во функција и се невалидни, појаснува во соопштение МЖСПП.


Вести

Ѓоргиев: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

– Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка. Историските контроверзи, недоразбирањата и историографските спорови треба да ги решаваат историчарите, а не политичарите. Комисијата треба да биде оставена да работи без […]

Вести

Продолжуваат контактите со Софија, Скопје со оптимизам гледа на можните решенија

– Македонската и бугарската влада се во постојан контакт и размена на идеи за изнаоѓање на можни решенија, кои ќе обезбедат европска иднина на земјава, со целосно почитување на нашиот национален идентитет. Од Скопје се […]

Вести

Можноста за онлајн изјаснување на пратениците на пленарна седницата

– И покрај различните ставови на владејачкото мнозинство и опозицијата, предлог дополнувањето на Деловникот за работа на Собранието, по скратена постапка, се најде на дневен ред на 22. седница кој треба да започне денеска. По […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*