Муцунски: Изграден е нов паркинг простор од 60 паркинг места за граѓаните на Мичурин и Стар Аеродром

timco_mucunski

Инвестициите во инфраструктурата сериозно ја менуваат сликата на Аеродром и го олеснуваат урбаното живеење во општината. Ги препознаваме потребите на граѓаните, а инвестициите во капитални и инфраструктурни проекти се одговор на најважните локални предизвици со кои се соочуваа тие.

Во рамките на градежната офанзива во текот на овој месец финализираше изградбата на нов паркинг простор со капацитет од 60 паркинг места наменет за граѓаните во Мичурин и Стар Аеродром, а во следниот период ќе започне реализацијата на ваков проект на уште две локации во Аеродром.

Остануваме отворени за вашите потреби и барања. Следува период на интензивни инвестиции кои ќе бидат чекор кон поубава општина со нови училишта и градинки, современа инфраструктура, нови паркови и зеленило и нов плоштад во Аеродром.

Facebook
Twitter
LinkedIn