Младите извршија дезинфекција на куќите и станбените згради во Свети Николе


Младите извршија дезинфекција на куќите и станбените згради во Свети Николе - МИА

Штип, 8 април 2020 () – На  иницијативата на локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Свети Николе, а во координација со комуналното претпријатие „Комуналец“ и претседатели на младинските активи на најголемите политички партии се реализираше акција за дезинфекција на сите индивидуални и колективни објекти и јавните површини на територија на град Свети Николе, соопшти денеска градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

– Оваа акција ја реализираа младите на Локалниот клуб  на СДММ – Свети Николе и Унијата на млади сили  на ВМРО-ДПМНЕ – Свети Николе, како и мобилните тимови на Општина Свети Николе. Би сакал да упатам јавна благодарност до сите млади учесници во оваа акција, кои уште еднаш потврдија дека, кога се работи за јавното здравје на нашите сограѓани, не е потребна политика, вели Велковски.

Тој истакна дека  од страна на институциите што се под ингеренции на локална самоуправа, набавени се 32 грбни пумпи на батерии со кои 32 млади волонтери ја извршија дезинфекција на дворовите во сите индивидуални и колективни згради во градот. Вакви акции ќе бидат спроведени и во сите рурални населби на територијата на општината.вдј/вј


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]