Министрите за локална самоуправа и за култура на увид во градежни активности на манастирскиот комплекс Св. Пантелејмон


– Владини претставници, градоначалникот на Општина Карпош и директорот на Бирото за регионален развој денеска ќе го посетат манастирскиот комплекс Св. Пантелејмон каде во тек е реконструкцијата на главниот конак.
Според најавата, на настанот ќе присуствуваат вицепремиерот за борба против корупцијата, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министрите за локална самоуправа и за култура, Горан Милевски и Ирена Стефоска, директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи и поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан.
Планирани се изјави на градоначалникот Богоев и на министрите за култура и за локална самоуправа.