Милион денари вложи Кавадарци за подобрување на улично осветлување на дел од брегот на Тиквешко Езеро


Без струја утре дел од Карпош - МИА

Кавадарци, 8 мај 2020 () – Милион денари вложи Општина Кавадарци за подобрување на улично осветлување на дел од брегот на Тиквешко Езеро, каде има поголема концентрација на викенд куќи, информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.



– Нови 30 дрвени бандери, 5.000 метри нисконапонски кабел и 95 комплети арматура-вандерма со вклучена ЛЕД светилка од 30 вати, се вградени во мрежата на јавното осветлување во атарот на селото Брушани. Согласно проектот, на локацијата  во „Брушанскиот залив“, се спроведе нова линија во туристичката населба „Брушани“, како и подобрување на постојната мрежа од јавното осветлување во селото Брушани, појаснуваат од кабинетот на Јанчев.

Тиквешко Езеро е втора по големина вештачка акумулација во државата, а на брегот имаат викендички кавадарчани и тиквешани, но и лица од други места. свд/