Меѓународниот ден на Ромите сиболично одбележан во Кичево


Меѓународниот ден на Ромите сиболично одбележан во Кичево - МИА

Кичево, 8 април 2020 () – Со симболично подигнување на ромското национално знаме и интонирање на химната „Целем целем“ на новиот парк пред џамијата „Бела Кула” во Кичево, Здружението на неформалната група на Ромите „Аваја“ од Кичево го одбележа  „Меѓународниот ден на Ромите 8 април”.

Честитка по повод денот упати Емин Мамудоски, активист и претседател на НВО „Преродба“ од Кичево.

-Меѓународниот ден на Ромите е ден на прослава на ромската култура и подигањето на свеста за проблемите со кои ромите се соочуваат. Овој ден се одбележува полни 49 години, поточно од 1971 година, во спомен на првата Меѓународна средба на ромските претставници во Лондон од 7 до 12 април – рече Макудоски и додаде дека Ромите се препознатлив народ во цел свет, бидејќи ги има над 25 милиони, со свое знаме и надалеку прочуената химна „Џелем џелем“ или во превод што значи одам одам, како одлика на еден народ кој е постојано во движење.

Поради пандемијата другите културни активности беа одложени. рз/


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]