Малиот пазар во Велес останува затворен, големиот ќе продолжи да работи секој ден од 7 до 14 часот



Малиот пазар во Велес останува затворен, големиот ќе продолжи да работи секој ден од 7 до 14 часот - МИА

Велес  11 мај 2020 () – Поради состојбата со коронавирусот во Велес,  не се дозволува укинување на веќе донесените мерки. Градскиот пазар ќе продолжи да работи според досегашната динамика и определеното работно време, секој работен ден од 7 до 14 часот, а Малиот пазар во Нова населба останува затворен.

Ова го соопшти  Општина Велес каде што денеска се одржа средба на која градоначалникот Аце Коцевски заедно со претставници од Центарот за јавно здравје од Велес, инспекциските служби, МВР – СВР Велес и ЈКП „Дервен“ разговараа за прашања поврзани со отворањето на Малото пазарче во Нова населба, како и за досегашната работа на Градскиот пазар и проширување на продажбата на непрехранбени производи на отворено.

На средбата, исто така, се разговарало и за барањата на регистрираните трговци-поединци за продажба на други, односно непрехранбени производи, како и обезбедување дозвола за продавачи кои  досега ги продаваа своите производи на паркингот зад  ООУ „Панко Брашнаров“ пред Градскиот пазар.

Од Општина Велес информираат дека следната средба на која повторно ќе бидат разгледани овие и други дополнителни барања ќе се одржи идниот понеделник.


Бизнис и економија

Цената на горивата останува иста

  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво како минатата […]

Вести

Четири лица починаа, потврдени се 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа, потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 тестови, а починаа четири лица,  соопшти Министерството за здравство. Во Скопје се потврдени 20 нови случаи, во Кочани – девет, во Струмица […]

Вести

Ѓоргиев: За нас останува неприфатливо барањето Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин

– Барањето на Бугарија Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин, за македонската страна останува неприфатливо, вели Драги Ѓоргиев копретседател на македонскиот тим во Мешовитата комисијата за историски прашања  со Бугарија. Тој во интервју за […]