Лозарите побараа решавање на проблемите околу ниските откупни цени за килограм грозје


Лозарите бараат најмалку 11 денари за килограм „смедеревка” и 13 денари за „вранец” - МИА

Кавадарци, 7 септември 2020 () – Лозарите од Тиквешко како најголем лозарски регион во државата, денеска побараа решавање на проблемите околу ниските откупни цени за килограм грозје.



Претседателот на Здружението „Тиквешки лозароовоштари”, Златко Стојчев најави блокади и протести, ако тие проблеми не се решат во најкус можен рок.

-Бараме субвенции и за извезените количини на грозје, не само за тие што се продаваат на домашни откупувачи. Бараме исто така изградба на државна дестилерија, за решавање на вишоците на грозје, нагласи меѓу другото Стојчев.

Дане Јошев од истото здружение, се осврна на проблемите со вода за наводнување и апелираше годинава лозарите да бидат ослободени од плаќање на воден надоместок.

Трајче Кулев, претседател на Здружението „Напредни лозари”, рече дека проблемот околу откупните цени за килограм грозје е долгогодишен и исто така побара негово решавање. Тој нагласи дека е неопходно донесување на загарантирана цена за килограм грозје.

-Цените кои досега ги објавија одделни винарии се срамни, понижувачки,  омаловажувалки. Диктираат цени и кај другите, што е нефер и некоректно. Затоа бараме да прекине тој монопол со цени што е присутен секој гроздобер. Има појава на винарници кои никнуваат како печурки по дожд, манипулираат со лозарите па одат во стечај, додаде Кулев. свд/


Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Вести

Најмалку 37 полицајци и жандарми се повредени во судирите со демонстрантите во Париз

Според првичниот извештај на францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманан, 37 полицајци и жандарми се повредени за време на демонстрациите во Париз, јави дописникот на МИА. Министерот за внатрешни работи на Твитер го осуди […]

Вести

За еден ден во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 52 пациенти, вкупно се лекуваат 437 лица со Ковид-19

– Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 437 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*