Локалниот пат од Стојаково до Селемли ќе добие нов асфалт

Општина Богданци со 21,2 милиони денари целосно ќе го реконструира и асфалтира локалниот пат кој ги спојува селата Стојаково и Селемли во должина од околу четири километри.

Поголемиот дел од средствата, или 18 милиони денари, се обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, додека останатите 3,2 милиони денари ќе бидат обезбедени од буџетот на Општина Богданци.

-Ова за нас претставува значаен зафат со кој ќе ја подобриме локалната инфраструктура, ќе ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и се надеваме дека многу ќе го подигнеме квалитетот на живот на локалните жители од Стојаково и Селемли, велат од Општина Богданци.

Активностите за реализација на проектот треба да завршат во рок од 120 дена.

Вести

Извршена еутаназија врз златната параолимпијка Верворт

Белгиската параолимпијка, Марик Верворт, го активираше барањето за еутаназија, што значеше крај на нејзините маки, и смрт. Верворт која имаше 40 години, а на Параолимписките игри во Лондон 2012 година освои златен медал во трката […]

Бизнис

„Герешајмер“ го означи почетокот на изградба на новата фабрика во Бунарџик, ќе вработи 400 луѓе

Германската компанија „Герешајмер“ денеска во Технолошко индустриската развојна зона Бунарџик го означи почетокот на изградба на новата фабрика за медицинска пластика. Ова е прва фабрика на реномираната германска компанија во Југоисточна Европа, а земјава беше […]

Вести

Одобрени 60 милиони денари за чистење на линданот во ОХИС

Владата на денешната 160-та редовна седница донесе одлука за одобрување на 60 милиони денари од Буџетот за 2019 година за чистење на индустрискиот токсичен отпад (линдан) во поранешната фабрика ОХИС во Скопје. Средствата, како што […]