
– Во Делчево објавен литературниот конкурс за учество на манифестацијата „Вапцарови бранувања“.
Љупчо Петровски од литературната дејност при Центарот за култура информира дека тема на годинешниот конкурс е „Вапцаровите слободни стихови – мостови за разбирање“.
– Во чест на големиот поет и наш патрон , Никола Јонков – Вапцаров по кој нашата Националната установа – Центар за култура во Делчево го носи името и годинава ја продолжуваме традицијата „Вапцарови бранувања“. По тој повод распишавме литературен конкурс за поетски творби за ученици од четврто до деветто одделение. Се надеваме дека одбраната тема ќе го предизвика интересот на љубителите на пишаниот збор кои секогаш имаат што да кажат кога е поезијата и прозата во прашање, истакна Петровски.