Лекарка специјалист и медицинска сестра се новите заболени од Ковид-19 во Кавадарци


Коцев: Болницата во Кавадарци доби донација „УВ Гард“, што ни е повеќе од неопходен - МИА

Кавадарци, 20 јуни 2020 () – Лекарка специјалист и медицинска сестра од Општа болница Кавадарци се новите случаи на  КОВИД-19 во Тиквешијата.


 

Информацијата за утрово ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центар за јавно здравје Кавадарци.

-Лекарката е без симптоми, додека медицинската сестра со средна клиничка слика се наоѓа на Инфективното  одделение во Велес, појасни Јовановски.свд/