Кумановскиот штаб ќе му помогне на Липково, бара податоците за заболени да се даваат одделно по општини



Кумановскиот штаб ќе му помогне на Липково, бара податоците за заболени да се даваат одделно по општини - МИА

Куманово, 2 јуни 2020 () – Кризниот штаб од Куманово ќе му помогне на кризниот штаб Липково во справувањето со епидемијата, здравствените институции да ги разграничат бројките за заболени од двете општини, бара општинскиот кризен штаб на денешната 44-та седница.

– Барање до Комисија за заразни болести да разгледа дали се почитува протоколот за утврдување и лекување на пациенти сомнителни и потврдени од Ковид-19, сметаме дека непридржување на протоколот може да доведе до епидемиолошко загрозување на Општина Куманово и вработените во ЈЗУ Општа болница Куманово и бараме да се упати апел до матичните лекари од Општина Липково да се придржуваат до протоколите заради поуспешно лекување на заболените и спречување на ширење на епидемијата од соседната општина во Општина Куманово, се наведува во соопштението од штабот.

Кризниот штаб на Куманово ќе ги стави расположливите капацитети на кризниот штаб во соседната општина Липково за помош во справувањето со епидемијата и се поголемиот број заразени во соседната општина. Кризниот штаб бара директорите на Општата болница и Здравствениот дом да го информираат штабот за бројот на хоспитализирани, третирани и излечени лица од мај, а Брза помош да достави податоци колку заболени и сомнителни лица од Ковид-19 превезле и од која релација.

– Се задолжува Центарот за јавно здравје Куманово да даде информација на ОШЗС Куманово со анализа за месец мај за број на позитивни случаи на територија на Општина Куманово и број на позитивни случаи на територија на Општина Липково, одделно, бидејќи бројката што се објавува во јавност е бројка што се води за Општина Куманово, а всушност истата ги претставува бројките за позитивни случаи и за Општина Липково, како и број на извршени тестирања, се наведува во соопштението на штабот.

Од штабот најавија дека „Чистота и Зеленило“ ќе продолжи со дезинфекција на болницата.


Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправда, реваншизам и насилствод, - МИА
Вести

Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправда, реваншизам и насилствод,

Скопје, 22 септември 2020 () – Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за утревечер најави нов протест во Скопје преку кој, како што наведе во објава на Фејсбук, ги повикува граѓаните да протестираат против неправда […]

ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа во Собранието за откупната цена на грозјето - МИА
Вести

ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа во Собранието за откупната цена на грозјето

Скопје, 22 септември 2020 () – Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието ќе поднесе барање за надзорна расправа за откупот и откупната цена на грозјето, со цел, како што […]

Собранието конституирано, претседателот на десетиот состав ќе се избере кога ќе се создават услови - МИА
Вести

Собраниска седница за избор на заменици-министри во Владата

Скопје, 22 септември 2020 () – Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменици на министри во Владата на Република Северна Македонија. За заменик-министер во одбрана […]