Крводарителска акција за припадниците на СВР Куманово


Крводарителска акција за припадниците на СВР Куманово - МИА

Куманово, 18 јуни 2020 () – Припадниците на СВР Куманово, денеска даруваа крв на редовната крводарителска акција која овојпат се одржа во просториите на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Акцијата ја организира кумановската полиција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје и Општинската организација на Црвениот крст. Припадниците на полицијата уште еднаш ја покажаа својата хуманост, истакнаа организаторите.

– Задоволни сме од одѕивот на припадниците на полицијата. Во услови на пандемија запазени се процедурите, протоколите од Светската здравствена организација за организирање акција, се носи заштитна опрема, маски, визири, ракавици, се дезинфицира просторијата, се одржува дистанца.. Очекуваме околу 50-ина единици крв, изјави д-р Дритон Биљали од Службата за трансфузиона медицина Куманово.

Припадниците на СВР Куманово истакнаа дека секогаш со задоволство учествуваат во вакви хуманитарни акции.

– Ова ми е 15-ти пат како дарувам крв. Сметам дека со дарување крв помагаме за спасување животи и сметам дека секој би требало да дарува и да биде редовен крводарител, посочи Марјан Павличек, крводарител, припадник на СВР Куманово.

СВР Куманово традиционално организира три крводарителски акции годишно, во февруари, јуни и во октомври. Крводарителските акции се реализираат согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу МВР и Институтот за трансфузиона медицина.  


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

Скопје, 3 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2. […]

Џафери ќе ја води конститутивната седница - МИА
Вести

Џафери ќе ја води конститутивната седница

Скопје, 3 август 2020 () – Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет. -Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра […]

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита - МИА
Вести

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита

Скопје, 3 август 2020 () – Ковид-19 предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*