Крводарителска акција во кривопаланечката пожарна


Крводарителска акција во кривопаланечката пожарна - МИА

Крива Паланка, 21 мај 2020 () – Со денешната традиционална крводарителска акција што се одржа во Територијалната противпожарна единица, на која се собрани 51 единица крв, во Крива Паланка беше одбележан денот на пожарникарите.

Крводарителската акција траеше од девет до петнаесет часот и покрај припадниците на ТППЕ Крива Паланка, крв даруваа и останати граѓани.

– Нашата професија е одговорна и хумана, а пожарникарите се и спасители, така што освен целогодишната посветеност во служба на безбедноста на граѓаниет и општото добро, денес на симболичен начин, како и во изминатите пет години, ја покажавме хуманоста со дарување крв. Акцијата се одржува во соработка со Општинска организација на Црвен крст, Крива Паланка со кои имаме одлична соработка и поддршка во текот на целата година, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка.

Противпожарната единица во Крива Паланка во 2019 година беше кадровски зајакната, сега брои 16 вработени, а минатата година добија и нови униформи и опрема од општината.

Секретарот на ОО Црвен крст, Крива Паланка, Дарко Пешовски истакна дека акцијата е организирана согласно сите препораки и мерки од Владата и Министерството за здравство.

– Пријавување за дарување на акцијата се вршеше исклучиво со претходно закажување на телефон или на Фејсбукпрофилот на Црвен крст, Крива Паланка, по што пријавените  довиваа термин. Како одговорна организација во целост ги почитуваме оперативните планови на Институт за трансфузиона медицина , Црвен крст РС Македонија,  и одлуките на Министерство и Владата, рече Пешовски. иб/цр


Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]

Регистрирани девет нови случаи со коронавирус во Прилеп и први два случаи во Крушево - МИА
Вести

Нови 38 случаи на Ковид -19, тројца починати

Скопје, 28 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 38 нови лица позитивни на коронавирусот и 16 оздравени пациенти. Во овој период починале два лица, а кај […]

Чулев: Да бидеме мудри, сочувствителни, кооперативни истрајувајќи и победувајќи го премрежието со кое што човештвото се соочува - МИА
Вести

Чулев: АНБ се уште е дел од системот за следење на комуникации

Скопје, 28 мај 2020 () – Начинот на кој е формирана Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и неотстранувањето на посредничката улога на АНБ при следењето на комуникациите, говори дека реформите на безбедносниот систем се само […]