Крводарителска акција в среда во Општина Аеродром



 

Крводарителска акција ќе се одржи в среда, 14 октомври, во просториите на Општина Аеродром.

Акцијата ќе се спроведе во периодот од 09 до 14 часот, а крв можат да даруваат сите заинтересирани граѓани. Притоа, ќе се почитуваат сите мерки за заштита од КОВИД-19.

Крводарителската акција е во организација на Црвен Крст на Р. Северна Македонија – Општинска Организација Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина во соработка со Општина Аеродром и градоначалникот Златко Марин.