Кризниот штаб при општина Тетово три дена работи на достава на бесплатна заштитна опрема


Кризниот штаб при општина Тетово три дена работи на достава на бесплатна заштитна опрема - МИА

Тетово, 4 мај 2020 () – Кризниот штаб на општина Тетово соопшти дека во текот на изминатите три дена се врши достава на заштитната опрема до граѓаните, со најава дека ќе продолжи и наредните денови. Според градоначалничката Теута Арифи ќе бидат дистрибуирани 15 илјади пакувања со заштитни маски, нараквици и летоци со информации, како превентивна мерка за заштита од ширење на Ковид-19 на територијата на општина Тетово.

-Според планот, дистрибуција е почната во централните и приградските населби, а во наредните денови ќе бидат опфатени селата на општина Тетово. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на вработените во општинската администрација, како што е јавното претпријатие Градски паркинг за нивната активна вклученост и нивната работа во пакувањето и дистрибуирањето на овие пакети до домовите на граѓаните, истакна Арифи.

Во тетовскиот регион, според Кризниот штаб, се регистрирани 89 заболени од Ковид-19 и тоа во општина Тетово 39 (двајца починати), Боговиње 29 (двајца починати), Теарце 6, Брвеница 6 (еден починaт) Јегуновце 4 и Желино 5 (еден починат).

-На 04.05.2020 година во Тетово и општините денес се регистрирани четири нови случаи со Ковид-19. Досега се излечиле 42 лица, а шест починале, информира Арифи.

На подрачјето на тетовско се извршени 358 тестови по епидемиолошка индикација (од кои 80 контролни брисеви) од страна на Центарот за јавно здравје Тетово, додека преку Мој Термин вкупно 132.

 


Тестирањето на околу 800 штипски текстилни работници завршува утре - МИА
Вести

Регистрирани нови 147 случаи на КОВИД-19 и шест починати

Скопје, 4 јули 2020 () – Во изминатите 24 часа од направени 1296 тестирања регистрирани се 147 нови случаи на КОВИД-19. Институтот за јавно здравје регистрира и 111 оздравени пациенти. Од КОВИД-19 во овој период […]

Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]