Кривична пријава за жител на Дебар за непочитување на решението за самозолација


Кривична пријава за жител на Дебар за непочитување на решението за самозолација - МИА

Дебар, 22 јули 2020 () – Дебранец заработи кривична пријава поради непочитување на решението за самозолација.



-Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, Одделението за внатрешни работи поднесе кривична пријава против А.М.(19) од Дебар,изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него, дебранецот на 19-ти овој месец во 2:30 часот бил затекнат пред угостителски објект лоциран на улицата „8 Септември“ во Дебар и покрај тоа што имал решение за самоизолација.

-Откако полициските службеници го затекнале на главната улца во градот, го привеле бидејќи не го почитувал решението од Центарот за јавно здравје со кое му се одредува мерка здраствен надзор и самоизолација во домашни услови во времетраење од 14 дена,  посочи Димоски.

Во Дебар има 112 заразени со коронавирус, а во самоизолација се четриесеттина лица.


Вести

За еден ден во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 52 пациенти, вкупно се лекуваат 437 лица со Ковид-19

– Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 437 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Вести

Македонскиот јазик и идентитет се неспорни, можен патоказ кон Договорот со Бугарија, но не како дел од преговарачката рамка

– Македонскиот јазик и идентитет не се предмет на преговори, потенцираа вчера високи претставници на Владата и напоменаа дека темната страна на историјата треба да остане зад нас, а решенијата со Бугарија да се бараат […]

Вести

Бројките на новозаразени се стабилизираат, мерките се ефикасни ако се почитуваат

– Мерките за заштита од вирусот даваат резултати и доколку се почитуваат, дополнителни не се потребни, рече министерот за здравство Венко Филипче. Тој вчера соопшти дека врвот на епидемијата е достигнат пред една недела и […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*