Кривична пријава за дебранец за изнуда на пари


Кривична пријава за дебранец за изнуда на пари - МИА

Дебар, 14 август 2020 () – Жител на Дебар заработи кривична пријава поради изнуда на пари од свој сограѓанин.

– Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Р.Т.(51) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „изнуда“. Тој, на деветти август годинава од својот сограѓанин А.С. побарал пари, но не ги добил истите, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој додава дека откако Р.Т. не ја добил бараната сума пари, физички го нападнал сограѓанинот А.С. нанесувајќи му повреди во пределот на главата.

Димоски информираше дека во изминатите два дена на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива ОВР-Дебар, издадени се седумдесеттина прекршочни платни налози за неносење заштитна маска. цр


Вести

Почина Амди Бајрам, лидерот на Сојузот на Роми

Лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст. Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми. Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со […]

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Вести

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица. Најмногу активни случаи на заразени има во Скопје (3.320), Струмица (394) […]

Вести

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија

– Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*