Кривична пријава против градоначалникот на Боговиње, осомничен е за „несовесно работење во службата“



Мештаните од Урвич бараат заштита за нивниот извор со вода Буновец, за Синичане посочуваат друг извор и нудат помош - МИА

Тетово, 4 август 2020 () – Кривична пријава поднесе СВР Тетово против градоначалникот на Боговиње,  кој е осомничен за „несовесно работење во службата“.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.А.(49) од тетовското село, градоначалник на општина Боговиње, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против правно лице од с.Боговиње, сопственост на М.А.(51) од с.Боговиње, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, се наведува во соопштението на МВР.

Првопријавениот, во текот на јули 2020 година, како градоначалник на општина Боговиње, постапил несовесно во вршење на својата службена должност и овластување и, спротивно на законот, овозможил почеток на изградба на водовод за потребите на граѓаните на с.Синичане, тетовско, без да обезбеди потребна документација и одобрение за отпочнување на градба.

Притоа во име на општината, преку Јавното комунално претпријатие, Џ.A. дал насоки да се ангажира економскиот оператор, односно второпријавеното правно лице, чиј сопственик M.A., иако знаел дека за изградбата на водоводот не постои одобрение, го прифатил ангажманот и започнал со градежни активности, се додава во соопштението.


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*