Конференција: Се уште големи разликите во развиеноста на општините и регионите


Изминатите две години се обезбедени 12 милиони евра за поттикнување на рамномерениот регионален развој. Реализацијата е значително висока, над 95 проценти. Минатиот период, од 2008 до 2017 година, за оваа намена биле планирани вкупно 30 милиони евра, а реализацијата изнесувала над 55 отсто, рече денеска заменик – минизтерот за локална самоуправа, Дејан Павлески.

Павлески на меѓународната научна конференција „Добри практики за регионален развој во Источниот регион“, истакна дека, сепак, се уште разликите меѓу регионите во однос на развиеноста се големи. Разлики има и внатре, во регионите, како и во општините, урбани и рурални.

-Интенцијата е да се зголемат средствата за рамномерен регионален развој и за наредната година, а центрите за развој на планските региони и општините ќе мора да предлагаат проектите кои се ефикасни и приоритетни за регионите, нагласи заменик-министерот.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски истакна дека соработката меѓу општините и регионите треба да зајакне. само така, според него, ќе се почувствуваат придобивките од рамномерниот развој.

Претседателот на Советот на градоначалници на Источен плански регион, Николчо Илијев рече дека за земјава е многу важен регионалниот развој за да се стопира миграцијата на младите и на населението воопшто. Искуствата од соседните земји говорат дека одлуките за развој на регионите се носат веднаш, не се оставаат за некој друг ден.

Дводневната конференција се одржува во штипскиот Мултимедијален центар „Кири Глигоров“. Се очекува заклучоците што ќе бидат донесени, да послужат во изготвувањето на новата десетгодишна стратегија за рамномерен регионален развој.

Организатор на конференцијата е Центарот за развој на Источен плански регион, со финансиска поддршка на Швајцарската амбасада и Министерството за локална самоуправа.


Потврдени 120 нови случаи со Ковид 19, оздравени 16, починати двајца пациенти - МИА
Вести

Вкупно 180 нови случаи на КОВИД-19, двајца починати, најмногу заболени во Скопје

Скопје, 5 јуни 2020 () – Вкупно 180 нови случаи позитивни на КОВИД -19 се евидентирани во изминатите 24 часа, објави Министерството за здравство. Починати се двајца пациенти – едниот на возраст од 52 години […]

Во штипската текстилна конфекција се зголемува бројот на заразени работници - МИА
Вести

Потврдени 177 нови случаи на заболени со Ковид-19

– Во изминатото деноноќие во нашата земја се извршени 1.245 тестирања за Ковид-19, потврдени се нови 177 позитивни случаи. Од Институтот за јавно здравје за МИА информираа дека најмногу позитивни случаи од коронавирус се регистрирани […]

ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза - МИА
Вести

ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза

Скопје, 5 јуни 2020 () – Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопштија дека до нив биле упатени низа поплаки кои укажуваат дека некои од компаниите кои се корисници на финансиска помош од државата […]