Комплетно асфалтиран стариот пат до манастирот св.Јоаким Осоговски


Комплетно асфалтиран стариот пат до манастирот св.Јоаким Осоговски - МИА

Крива Паланка, 4 јуни 2020 () – Завршено е асфалтирањето на стариот патен правец до манастирскиот комплекс Св.Јоаким Осоговски во Крива Паланка и тој од денеска е во употреба.

–Завршени се градежните активности за реконструкцијата и санација на стариот пат кон манастирот Св. Јоаким Осоговски, со која комплетно е обновена коловозната конструкција и поставен е нов слој асфалт. Исто така поставени се нови рабници во должина од 2,5 километри, изработени се асфалтни риголи, санирани се постојните свлечишта и изградени се потпорни ѕидови, а делови од патот се проширени со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Тој рече, од денеска сите посетители, туристи и рекреативци, ќе можат да го користат и овој патен правец до манастирот, кој, како што посочи, е најголем туристички потенцијал и промотор на општината.

Рехабилитацијата на патот е проект финансиран од Агенција за финансиска поддршка на земјоделието и руралнито развој ( АФПЗРР) и дел од Општина Крива Паланка, а изнесува околу 16 милиони денари. иб/ир


Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент - МИА
Вести

Нови 141 случаи со КОВИД-19, оздравени 161 и еден починат пациент

Скопје, 11 август 2020 () – Министерството за здравство денеска регистрира 141 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1.885 тестирања, како и 161 оздравени и еден починат пациент. Во последните 24 часа, како што соопшти […]

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок - МИА
Вести

Активни 3327 случаи со Ковид-19, апел да се почитуваат мерките без исклучок

Скопје, 11 август 2020 () – Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од Ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не […]

Вести

Партиите се уште без договор за ново парламентарно мнозинство и влада

Скопје, 11 август 2020 () – Лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, на вчерашната средба не постигнаа договор околу формирањето на нова влада, сепак, како што истакнаа, разговорите ќе се продолжат […]