Коцевски: Состојбата со Ковид-19 во Велес и Велешко стабилна, граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки


Во велешката Општа болница зголемен бројот на боледувања од медицинскиот персонал - МИА

Велес, 3 јули 2020 () – Во изминатите 24 часа во Велес има регистрирано еден новозаболен, а двајца се излекувани – едниот бил на Инфективното одделение во велешката Општа болница и еден на домашно лекување. Во Велес и велешко  досега од Ковид-19 моментално активни се 40, на прес информира градоначалникот Аце Коцевски по одржаната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Нозозаболениот е член на семејство во кое веќе има инфицирано, кој веќе пет-шест дена се наоѓал во домашна изолација, а сега е потврдено дека е инфициран.

-Утрово во Инфективното одделение при велешката болница биле згрижени 16 пациенти, од кои 14 се позитивни. Од нив седум се жители на Општина Велес, има седум од селото Горно Јаболчиште, еден е од Градско и еден од Кавадарци, информира Коцевски.

Здружението на матични доктори го известиле дека постои поголема раздвиженост кај пациентите и нивниот впечаток е дека граѓаните како да ја запоставуваат опасноста и вршеле притисок за прегледи кај специјалисти.

-Препораката на матичните лекари е дека треба сеуште да бидеме многу внимателни, потенцира Коцевски.

Тој состојбата со Ковид-19 во Велес и велешко ја оцени како стабилна, но им порача на граѓаните да бидат претпазливи за да не ескалира.


Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19 - МИА
Вести

Нови 155 случаи со Ковид-19, двајца починати, оздравени 127 пациенти

Скопје, 7 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1 845 тестирања и се регистрирани 155 нови случаи на Ковид-19. Починале две лица, а оздравеле 127 пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство. Од […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис

ССМ: Одлуката за поскапување на струјата е избрзана

Скопје, 7 август 2020 () – Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните. – Сојузот на синдикатите […]

Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*