Ќе се набавуваат делови за поправка на мерниот инструмент за ПМ 10 и ПМ 2.5 во Ѓорче Петров


Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во тек е процедура за објавување тендер за набавка на делови со кои ќе се  поправи инструментот за симултано мерење на честичките ПМ 10 и ПМ 2.5 на мобилната мерна станица поставена во Ѓорче Петров.  Поради технички проблем мерниот инструмент не е во функција и е исклучен од  23 декември 2019 година.  – Со набавка на резервните делови, инструментот ќе се сервисира и калибрира и потоа ќе биде вклучен во системот, а податоците од мерењата од овој инструмент ќе бидат јавно достапни на веб-страницата за квалитет на воздухот  http://air.moepp.gov.mk, соопшти МТСП.    Министерството додава дека мобилната мерна станица во Ѓорче Петров сега ги мери загадувачките супстанции SO2, NO-NOx-NO2, CO и О3.


Вести

Собранието се распушти, изборите на 12 април

Собранието попладнево едногласно со 108 гласа „за“ ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април. Одлуката за самораспуштање беше поднесена од спикерот Талат Џафери, кој во своето […]

Вести

Незаборавни слики од ерупцијата на вулканот Питон де ла Фурнез (Видео)

Познатиот вулкан Питон де ла Фурнез, кој се наоѓа на францускиот остров во Индискиот океан Реунион, за прв пат оваа година на 10 февруари влезе во засилена еруптивна активност, јавува дописникот на МИА. Питон де […]

Вести

На шверцерски начин донесен Законот за јавно обвинителство

– Во тензична атмосфера, со 80 гласа „за“ и 6 гласа „против“, Собранието денеска го донесе Законот за јавно обвинителство. На почетокот на седницата кога законот првично беше ставен на гласање, 74 пратеници беа „за“, […]