Кавадарчанец скршил нога бегајќи од полиција за време на полициски час


Кавадарчанец скршил нога бегајќи од полиција за време на полициски час - МИА

Кавадарци, 9 април 2020 () – Добил скршеници прескокнувајќи ограда, бегајќи  од полиција за време полициски час. Ваква драма му се случила синоќа на 30-годишен кавадарчанец, потврди  за Ратко Грков, доктор во Брза помош од Кавадарци.

-Интервениравме на повик синоќа околу 18 часот. Младиот човек имаше комплетно две скршеници на двете коски на потколеница. Имобилизиравме и го пренесовме во болница. Стануваше збор за повреда за која е потребен оперативен третман, рече докторот.
Според тоа што го раскажал 30-годишникот, додека се движел со автомобил,  му била покажана полициска палка за да застане. Не го почитувал знакот и продолжил кон селото Марена. Во селото излегол од возилото и се обидел да прескокне ограда за да влезе во дворот на другар. Таму и се повредил.

Со повреденото момче било уште едно лице кое имало зголемена температура и болки во гради и мускули, па било упатено кај матичен лекар за да му се направи епидемиолошка анкета за понатамошно постапување, според препораките на Министерството за здравство. Со Брза помош било однесено дома со препорака да се самоизолира. свд/хс

 


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]