Јавниот превоз од утре ќе функционира вообичаено по саботен возен ред


Од утре продолжува важењето на бесплатните годишни студентски билети за јавен превоз - МИА

Скопје, 26 мај 2020 () – Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека од утре јавниот превоз ќе функционира вообичаено, односно без временско ограничување (од 5 до 24 часот, во зависност од линијата).

Автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот, кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.

Од ЈСП информираат дека од 6 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, во ГТЦ, кај Пошта, во Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, билетарниците на Зелен пазар, кај пазарот во Бутел, во Маџари, Кисела Вода, Драчево, како и билетарниците кај ЈСП Дирекција, во населба Даме Груев, во Сарај, кај Дом на печат и во Карпош 4.

Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Автокоманда (кај Шумарски факултет), Аеродром, Карпош 2, на Бит пазар и на Транспортен центар (автобусот).

Од 6 до 13 часот ќе работат билетарниците кај старото кино во Бутел, Лисиче, Радишани и во Железара.
Во истиот период ќе бидат отворени центрите за персонализација во Влае и во просториите на ЈСП Турс (Градски ѕид).

Од ЈСП потсетуваат дека и натаму не важат бесплатните средношколски билети, како и бесплатниот превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабоат и недела.

И натаму ќе бидат укинати трите автобуски линии (25, 25А и 25Б), кои сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи и Жичарницата, информираат од ЈСП. ир/


Потврдени 103 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 13 пациенти - МИА
Вести

Регистрирани 115 нови случаи на КОВИД-19 и седум починати

Скопје, 5 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети […]

Вести

Продолжува претставувањето на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 5 јули 2020 () – Предизборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули е на средина. Тие своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на […]

Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот - МИА
Вести

Вкупно 3611 активни случаи со КОВИД-19, најмногу во скопски Чаир

Скопје, 5 јули 2020 () – Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3611. Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, […]