Јавен повик за онлајн работа – достава на прехранбени продукти од маркети, аптеки, ресторани во Општина Карпош


Јавен повик за онлајн работа – достава на прехранбени продукти од маркети, аптеки, ресторани во Општина Карпош - МИА

Скопје, 8 април 2020 () – Како резултат на пандемијата со коронавирус и воведениот полициски час, Општина Карпош објавува Јавен повик и пријава за онлајн работа и достава на продукти од храна од маркети, ресторани, производи од аптеки и слично на територијата на општината.

Работното тело за координација на состојбата со коронавирусот во Општина Карпош ги повикува сите заинтересирани правни субјекти да се пријават за добивање на дозвола за работа за време на полициски час.

Тие најдоцна до четврток 09.04.2020 година (четврток) до 11:00 часот треба да пополнат пријава и ја испратат на kontakt@karpos.gov.mk, информираат од прес-службата на Општина Карпош.


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]