Во Македонска Каменица е објавен јавен повик за финансиска поддршка на спортски клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани.
Финансиската поддршка, како што информираа од Општината, ќе се реализира од Буџетот на Општина Македонска Каменица за 2023 година.
– Јавниот повик се однесува за спортските клубови, спортски здруженија, правни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани чие седиште е на територијата на Општина Македонска Каменица. Сите заинтересирани правни субјекти кои сакаат нивните активности да бидат финансиски поддржани од Буџетот на Општина Македонска Каменица, потребно е да достават барање до Општина Македонска Каменица, информираа од Општината.
Пријавата и потребната документација се доставува до архивата на Општина Македонска Каменица, по пошта или во електронска форма.
– Документите се доставуваат во затворен плик со назнака ,,за јавен повик за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортските здруженија и правни лица во областа на спортот”. Во електронска форма пријавите и документацијата се праќаат на официјалната електронска адреса на Општина Македонска Каменица [email protected] www.makedonskakamenica.gov.mk со назнака ,,за јавен повик за доделување на финансиска помош на спортските клубови, спортските здруженија и правни лица во областа на спортот”, додадоа од Општината.
Рокот за пријавување изнесува 15 дена од денот на објавата на повикот, а за повеќе информации од Општината ги упатија заинтересираните да ја посетат Општинската веб-страница.