Јавен настан во Битола „Придобивките од европските фондови и грантови“

bitola_345345353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Ученици од основните и средни училишта во Битола на јавен настан пред Офицерскиот дом се информираа за „Придобивкиte од европските фондови и грантови“.

Од Општина Битола инфомираат дека манифестацијата ја подготвија наставници и ученици од основните училишта „Свети Климент Охридски“, „Стив Наумов“, „Ѓорги Сугарев“, „Даме Груев“, „Елпида Караманди“, „Александар Турунџев“-Кукуречани, средношколците со своите професори од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ и „Таки Даскало“, како и студенти и професори од Универзитетот „Свети Климент Охридски“.


-Присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и им посака нови проекти и позитивни искуства кои ќе можат да ги пренесат на своите соученици. Едукативниот настан е во рамки на активностите кои Општина Битола, ги организира по повод Денот на Европа, соопштија од тамошната локална самоуправа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK