Јаневски на средба со градоначалникот на Дојран за промоција и поддршка на туризмот



Јаневски на средба со градоначалникот на Дојран за промоција и поддршка на туризмот - МИА

Гевгелија,16 јуни 2020 () – Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски во Дојран оствари работна средба со градоначалникот Анго Ангов, на која се разгледувани протоколите за извршување угостителските услуги во сместувачките капацитети и користење на плажите покрај Дојранското езеро во рамки на кампањата за развој на домашниот туризам „Дома си е дома“.


 

На заинтересираните туристички капацитети им е посочено дека до крајот на овој месец можат да ги пополнат формуларите за прием на гости со ваучери доколку се заведени во соодветните туристички регистри, со напомена дека сите што ќе сакаат да аплицираат ќе треба да има извршено категоризација на издавачките капацитети во последните две години.

За промоција на туризмот во Дојран вчера се снимале и спотови кои ќе бидат објавени следната недела за кога е најавен и состанок со сите хотелиери и угостители од земјава.им/