Јакимоска: Прилепското стопанство не отпушта работници


Прилепските фирми не ги отпуштаат работниците. На принуден платен одмор се прилепчани кои работат во компанијата „Кромберг и Шуберт“. Помагаме каде е најпотребно, а се преструктуираме за работа на заштитни средства, изјави денеска претседателот на прилепската Регионална стопанска комора Ирена Јакимоска.

Според Јакимоска компаниите во Прилеп не отпуштаат работници, а ги поздравуваме мерките на Народна банка за одложување на ратите на кредитите на правните и на физичките лица што значи поддршка на ликвидноста на компаниите.

-Во овој момент нема испуштања од работа на вработените во прилепските компании. Единствено што на принуден одмор се вработените прилепчани во компанијата „Кромберг и Шуберт“ кои немаат репроматеријали . Во „Конфи ангел“ нема да има отпуштање на вработените и очекувам тоа да го следат другите компании. За предложените мерки за стопанството дополнително на ниво на Стопанска комора на Македонија ќе се разговара, сѐ е во предлог-фаза, но најбитно што го поздравуваме се мерките на Народната банка е одложувањето на враќањето на главнината од кредитите на правните и на физичките лица во земјава. Тоа ќе го поддржи најнеопходното во овој момент -ликвидноста на компаниите, истакна Јакимоска.


Вести

Три медицински сестри од ГАК позитивни на Ковид-19, а доктор и директорката се во самоизолација

– Три медицински сестри од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се позитивни на Ковид-19. Се заразиле преку семеен контакт, а двајца доктори меѓу кои директорката на Клиниката, Викторија Јовановска се во самоизолација поради заболени […]

Вести

Апел од верските лидери до граѓаните: Да се почитуваат мерките со цел заштита на своето здравје и здравјето на блиските

– Сите наши верници и сите граѓани на нашата држава, на актуелната состојба со коронавирусот да гледаат со највисок степен на сериозност и со целосно и доследно почитување на сите пропишани мерки да го заштитат сопственото, […]

Во Собранието формирани пратеничките групи - МИА
Вести

Законот за заштита од заразни болести и ребалансот на Буџетот пред пратениците на 27 октомври

Измените и дополнувањата на Законите за заштита на населението од заразни болести, ребалансот на Буџетот и законот за заштита од дискриминација се очекува да бидат на дневен ред на собраниската седница закажана за 27 октомври. Доколку […]