Изграден патот до викенд населбата Вртешка на планината Плачковица


Изграден патот до викенд населбата Вртешка на планината Плачковица - МИА

Штип, 3 август 2020 () – Изграден и асфалтиран е патот до викенд населбата Вртешка на планината Плачковица. Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев вели дека патот е во должина од 800 метри, а ширината му е три и пол метри. Изграден е со одводни земјени канали со должина од 120 и бетонски канали од 250 метри.


 

– Дополнително ќе бидат изведени банкини од двете страни по метар ширина. Со изградбата на овој пат очекуваме да биде олеснет пристапот на 40 домаќинства, кои со изградбата на оваа викенд населба за првпат ќе добијат пристап до своите викендици, вели Насев.

Тој забележа дека со изградбата на патната инфраструктура до оваа населба очекува интерес од најмалку уште 40 граѓани за изградба на викенд куќи во викенд населба. Насев вели дека викенд населбите на планината Плачковица станаа доста атрактивни за жителите на Штип, бидејќи со пандемијата и коронакризата, многу од сопствениците на викендички, кои со години не ги користеле, сега им станаа втори домови.

– Преку викендите можам да кажам дека сите викендици се полни и населени со жители, вели Насев.

Општина Карбинци има мапирано и осум пешачки патеки низ планината Плачковица, со вкупна должина од 60 километри. вдј/оџ/