Изгаснат пожарот во станот на бул. „Трета МУБ“ во Куманово


Изгаснат пожарот во станот на бул. „Трета МУБ“ во Куманово - МИА

Куманово, 8 април 2020 () – Кумановските пожарникари го изгасија пожарот во станот во зграда на булеварот „Трета МУБ“ во Куманово кој избувна попладнево пред 16 часот.

Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски, информираше дека во пожарот е причинета материјална штета. Материјална штета имало и во соседен стан.

Во пожарот со лесни телесни повреди се здобило едно лице, информираат од Итна помош. Пожарот го гасеа 12 пожарникари.


Дваесет нови случаи со Ковид -19, вкупно 1.694, оздравени 24 пациенти, тројца починати - МИА
Вести

Активни 470 случаи на заболени со Ковид-19, најмногу во Скопје

Скопје, 29 мај 2020 () – Поминаа два дена откако целосно е укинат полицискиот час во земјава, по посебни протоколи отворени се кафулињата и рестораните и дел од вработените се вратија на нивните работни места. […]

Неизвесни датумот за избори и продолжувањето на вонредната состојба - МИА
Вести

Неизвесни датумот за избори и продолжувањето на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност в сабота на пладне во претседателската вила „Водно“ ќе одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. Сабота е последниот ден кога истекува третата – двонеделната вонредна состојба […]

Набрзо нов пристап до инфективната клиника, ПЕТ центарот ставен во функција - МИА
Вести

Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

Скопје, 28 мај 2020 () – Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за од Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за […]