Исчистено коритото на Градска река во Прилеп

Prilep
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Преку 2000 метри кубни смет се подигнати и транспортирани на градската депонија во Алинци од речното корито на прилепската Градска река. Градските власти и јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп го исчистија коритото и оневозможија сметот во Реката, поради дождовите, да направи големи штети кај населбата “Димо Наредникот“.

-Завршуваме со чистењето на речното корито на Градската река, од мостот кај населбата „Димо Наредникот“, па до железничкиот мост, вели прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, кој заедно со директорот на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, Рубинчо Абрашоски, направија увид во сработеното.


Канализирано е речното корито на долниот дел од Реката, каде на дел од неа постои камено корито и водата веќе го има својот тек.

– Со максимален ангажман на јавното комунално претпријатие и континуираната работа од 9 јуни па до денеска, овој потег на речното корито доби сосема поинаков и почист изглед. Грижата за животната средина и за околината која што не опкружува претставува обврска на сите нас. Да бидеме разумни и коректни кон идните генерации и да ја одржуваме нашата околина почиста и поубава, порача Рубин Абрашоски директор на прилепското јавно комунално претпријатие „Комуналец“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK