ЈПКД „Турија“, во координација и соработка со општина Василево, исчисти диви депонии во три села.
Според информацијата од Општината исчистени се диви депонии во населените места Чанаклија, Василево и Радичево, а пробиени и порамнети се неколку улици од наноси на земја и песок во населеното место Чанаклија.
-Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност треба да ни се врвен приоритет. Да градиме одговорна заедница, порача градоначалникот Славе Андонов и додаде дека овие активности ќе продолжат и во други населени места каде се создаваат диви депонии.