Институции го информирале кризниот штаб Куманово за работата во услови на пандемија, штабот најави дека редовно ќе заседава


Институции го информирале кризниот штаб Куманово за работата во услови на пандемија, штабот најави дека редовно ќе заседава - МИА

Куманово, 26 октомври 2020 () – Претставници од повеќе институции го информирале општинскиот кризен штаб Куманово за состојбата со пандемијата и за работа во услови на пандемија на подрачјето на Куманово, информираа денеска од општинскиот кризен штаб. Од штабот уште еднаш апелираа граѓаните доследно да се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од КОВИД-19, донесени од надлежните здравствени институции.


 

Во кусото соопштение од штабот се нагласува дека денеска во просториите на Општина Куманово се одржал состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона-вирус).

– На состанокот претставниците од институциите дадоа информации за работата во време на КОВИД состојбата. ОШЗС ја следи состојбата со ширење на вирусот на територија на Општина Куманово, ќе заседава редовно и препорачува граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД 19 донесени од страна на Министерство за здравство и Комисија за заразни болести-информираат од кризниот штаб.