Инсталирани топлински пумпи на градскиот базен Куманово

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Куманово инвестираше во топлински пумпи на градскиот базен, соопштија денеска надлежните. Пумпите веќе се инсталирани на затворениот градски базен во Куманово.

– Постигнато повисоко ниво на енергетска ефикасност на објектот и дополнителна заштеда во потрошувачка на енергија, објави градоначалникот, Максим Димитриевски.


Претходно, од општина најавија и поставување на фотоволтаици. За двете инвестиции од буџетот беа одвоени околу десет милиони денари. Со овие инвестиции се очекува да се надмине проблемот со затоплување на градскиот базен во зимскиот период. Во претходните години поради енергетската и економската криза затворениот градски базен не работеше поради високи сметки за гас и електрична енергија. Од февруари годинава со одлука на советот затворениот базен бесплатно го користеа учениците од основните и средни училишта од градот како дел од програмата за физичко и здравствено образование.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK