Хуманитарна акција за помош на просветен работник во Делчево


Хуманитарна акција за помош на просветен работник во Делчево - МИА

Делчево, 22 јуни 2020 () – Делчевци се организираат за помош на наставникот Љупчо Бојановиќ, на кого му е потребен втор третман по успешното лекување со матични клетки во приватна болница во Русија. За вториот третман на Бојановиќ кој боледува од Амиотрофична латерална склероза, веќе е во тек акција за собирање на потребните околу 7.500 евра, а организаторите за собирање на средствата велат дека третманот треба да се реализира итно со цел подобрување на состојбата на Бојановиќ.

– Од болницата веќе ја закажаа наредната посета и чекаат одговор од наставникот кој веќе има складирано резерви од сопствени матични клетки. Третманот овој пат ќе чини 7.588 евра, плус патни трошоци, како и трошоци за сместување и храна за придружник. Свесни сме за финансискиот импакт што ја одрази врз сите нас кризата од КОВИД-19, но се надеваме дека сите ќе се обединиме и уште еднаш ќе му помогнеме на нашиот професор, велат организаторите на хуманитарната акција.

Донациите се реализираат на телефонските броеви на А1 143-468 и Телеком 143-454, додека жиро-сметката за помош на наставникот Бојановиќ е објавена на посебниот настан за таа намена на социјалните мрежи.

Во јануари годинава со поддршка од хуманите граѓани беа собрани 30 илјади евра, средства кои беа наменети за третирање со матични клетки, кои беа прифатени од телото на делчевскиот наставник.


Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација - МИА
Вести

Обвинителот Гаврил Бубевски позитивен на КОВИД-19, обвинителката Фатиме Фетаи во самоизолација

Скопје, 6 јули 2020 () – Јавниот обвинител Гаврил Бубевски е позитивен на КОВИД-19, а неговата колешка од поранешното СЈО, обвинителката Фатиме Фетаи, поради контакт со него ќе биде 14 дена во самоизолација. Ова е причината […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Регистрирани нови 78 случаи со Ковид-19, петмина починати, 172 оздравени пациенти

Скопје, 6 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-26, Куманово-4, Дебар-1, Штип-17, Тетово-9, Струга-3, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-5, Крива Паланка-1, Кочани-1, […]

Бинзините и дизелот поскапуваат за еден денар - МИА
Бизнис

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува, а Екстра лесното масло поскапува за половина денар

Скопје, 6 јули 2020 () – Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за половина денар по литар, додека цените […]

1 Comment

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*